Емотивен поздрав на капитенот до селекторот: “Направивте да се сакаме како браќа и да гинеме еден за друг”

Токму Игор Ангеловски беше причината што Пандев се врати во фудбалската репрезентација, а потоа учествуваше и придонесе за најголемиот успех на македонскиот фудбал

Доскорешниот капитен, нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, на вистински начин му се заблагодари на доскорешниот селектор, популарниот Мрме.

„20-10-2015 прв пат кога се сретнавме во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот. Ги памтам твоите зборови кога ми рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на европско првенство. Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија.

Шефе, благодарам е малку да ти кажам, Вие го сплотивте цел македонски народ, направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа, сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“, напиша Пандев на својот профил на Инстаграм.

Фото/Инстаграм/goranpandev19




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.