Емина Јаховиќ конечно ја призна врската со турскиот милионер

За романтичната љубовна романса меѓу турскиот милијардер Садетин Саран и популарната балканска пејачка Емина Јаховиќ долго се шпекулира, но една фотографија покажа и докажа се.

Имено, Садетин деновиве на својот Инстаграм профил објавил семејна фотографија на која Емина е крај него. Популарната пејачка на фотографијата изгледа многу среќно и заљубено.Според турските медиуми ова е првата јавна потврда за нивната љубовна врска.

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал решија да стават точка на својот брак почетокот на оваа година. После разводот секој тргна по свој пат. Иако досега се зборуваше само за тоа како Емина, го продолжила својот живот со нов партнер, изгледа дека и Мустафа решил да тргне понатаму и да си пронајде нова партнерка, па така насмеан позираше покрај својата девојка, чиј идентитет сеуште го крие.

Турските медиуми веќе на големо пишуваат за оваа нова мистериозна жена, но нејзиниот идентитет сеуште никој не го открил, па останува на времето да каже дали навистина се работи за нова љубовна романса или пак само за обична пријателска фотографија. Она што е сигурно е дека медиумите периодов не ги оставаат на мира ниту Мустафа, ниту Емина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.