Емили Иваноска од Прилеп e новата атлетска надеж на Македонија: Во две недели, два маратони и два пиедестали!

Во неделата по улиците во центарот на Велес, се одржа третата по ред атлетска трка „Трчаме за Рацин“, каде учествуваа 518 учесници, кои трчаа 10 и 5 км, во машка и женска конкуренција.

На 5 км. кај жените најбрза беше Ирма Хајдари со време од 21:01, пред Емили Ивановска од Прилеп, која имаше само 5 секунди послабо време (21:06).

Ова е втор одличен резултат за младата Иваноска, која пред само десетина дена триумфираше во истата дисциплина на маратонот “Охрид Трчат”

Девојката од Прилеп од која се очекува да прерасне во нов атлетски бисер на Македонија, од скоро е нов ученик на Игор Јакимовски, и после одработени 4 неделни напорни тренинзи стигна до првите големи резултати.

Нам ни останува да и’ честитаме и да и’ посакаме уште поголеми успеси во иднина, како на домашен, така и на меѓународен терен.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.