Ем млади, ем хумани: Ученици од СОУ “Ѓорче Петров”изнудија насмевки и радост на лицата со посебни потреби од “Порака”

СОУ „ Ѓорче Петров“ организираше хуманитарна активност наменета за членовите на здружението за лица со посебни потреби „Порака“.

Учениците од струката за лични услуги, фризери и козметичари го искористија своето знаење и правејќи професионални фризури и шминка на лицата со посебни потреби, успеаја да измамат насмевки и радост на нивните лица и да докажат дека сите сме исти.

Покрај тоа, за членовите на „Порака“ беа донирани храна и пијалоци.

Организатори на оваа акција беа учениците Елдин Шкријељ, Мери Стеваноска и Ангела Ангелеска, а им се приклучија и учениците од III 5 и II 4 клас.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.