Елон Маск вели дека луѓето на Марс ќе живеат во стаклени куполи, а населувањето на “Црвената планета” ќе се случи побрзо од очекуваното.
Милијардерот е силен ентузијаст за вселенските патувања и вложи милијарди во својата програма Спејс Икс, во обид да го однесе човекот на Марс што е можно побрзо.
Тој неодамна се огласи на Твитер за да ја сподели својата визија за иднината и рече дека е сигурен дека ќе обезбедиме база на планетата прилично брзо.
Одговарајќи на прашање за тоа како би изгледал животот, Маск напишал: “Животот во стаклени куполи на почетокот. На крајот, тераформиран за да го поддржува животот, како Земјата”.
Проширувајќи ја поентата, тој додаде: „Тераформирањето ќе биде премногу бавно за да биде релевантно во текот на нашиот живот.
Life in glass domes at first. Eventually, terraformed to support life, like Earth.
— Elon Musk (@elonmusk) November 18, 2020