Елена Велевска порача дека сега е “НајСилна” (Фото)

Во ова време – невреме во кое живееме, речи си и ништо да не се случува на домашната естрада, никој не работи на нов материјал, се одржа Фолк Фест “Роса”, овој пат во поинакво издание поради почитување на Koвид мерките

На овој фестивал настапија звучни имиња од домашната фолк сцена, меѓу кои беа Наум Петревски, Анета и група “Молика”, Стојне Николова, Сани, како и фолк дивата Елена Велевска.

Со креација од домашен креатор го сврте вниманието кон себе и на сите присутни, а на публиката и’ пopaча дека сега е најСилна.

“НајСилна” е насловот на новата песна на Велевска, балада на која работеа Артан Кастрати, кој ја направи музиката, текстот е на Љупче Василев, аранжманот е на Никола Кочан, а пратечките вокали ги испеа Анета од групата “Молика”.

Во скоро време очекуваме емитување на фестивалит на МТВ, a Елена најави дека за oваа песна ќе сними и видео запис.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.