Трговско друштво ЕЛЕКТРО-ТОЧИЛА-ИНЖЕНЕРИНГ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп, повторно го доби тендерот за новогодишно украсување на Прилеп.
Фирмата и оваа година доставила најповолна понуда во општина Прилеп и веќе започна со поставување на Новогодишната елка во центарот на градот.
Граѓаните очекуваат новитети и поубава празнична приказна во центарот на градот. Мислењето е дека градот треба да биде украсен, но со оглед на тоа дека се трошат народни пари, фирмата изведувач би било добро да воведува нови работи секоја година.
Од она што можеше да се забележи денеска на градскиот плоштад “Методија Андонов-Ченто”, се поставуваше истата новогодишна елка, која се надеваме дека оваа година ќе биде поубаво и пораскошно украсена.