Експлозивна направа беше пронајдена вчера крај домот на милијардерот и филантроп Џорџ Сорос во округот Весчестер во државата Њујорк, објави Њујорк тајмс.
Направата била поставена во поштенска кутија и полицијата превентивно го детонирала. Сорос не бил во домот за време на инцидентот.
За случајот истрага води ФБИ од каде засега немаат коментар. Сорос обезбедил досега најмалку 18 милијарди долари за фондацијата Отворено општество.