Експертите одговорија: Дали е безбедно да се отстрани мувлата и да се изеде остатокот од хранатa?

Со сигурност, до сега сте биле во искушение да изедете некоја храна, која на места фатила мувла.

muvla

Сега, научниците имаат одговор, дали е тоа добро и дали треба да се јад таа храна.

Најпрво, велат тие, треба да се има на ум дека разнобојните површини на мувлосаната храна, како што се зеленкастите точки на лебот или сивите кај овошјето, се споро видливи со голо око. Останатиот дел се корења кои можат тешко да се видат, затоа што се наоѓаат длабоко во храната.

Тоа значи дека отстранувањето на површинскиот дел од мувлата која се наоѓа на храната, нема да ве спаси од внесување на габички во организмот.

-Најголем дел од нив се безбедни, но има и опасни, објаснува Надин Шо, специјалист во американскиот одел за земјоделие.

Некои врсти содржат микротоксини, продолжува Шо, отровни супстанции кои предивикуваат алергиски реакции и респираторни проблеми. Особено е опасен афлаткосинот, за кој е утврдено дека предизвикува рак.

Микротоксините може да се најдат пред се во мувлата која се појавува во житариците и некои овошја.

Специјалистите советуваат дека за да се спречи појава на мувла, храната треба да се покрие за да не дојде во контакт со воздух, правилно да се чува во фрижидер, како и остатоците од оброкот да не се чуваат повеќе од 3-4 дена откако се направени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.