Професорка по имунологија од британскиот универзитет Оксфорд тврди дека вакцината за коронавирус би можела да биде достапна веќе во септември.
Сара Гилберт моментално со својот тим се обидува да создаде вакцина, а за „Tајмс“ изјавила дека 80% е сигурна дека нејзиниот тим ќе успее во тоа до оваа есен ако работите се движат според зацртаниот план.
Таа минатиот месец за британските медиуми изјави дека се надева дека вакцината би можела да биде создадена до крајот на 2020-та година, а сега изнесе оптимистичко сценарио со оглед на тоа што тестирањата на вакцината на која што работи со својот тим ќе започнат за две седмици.