Претставниците од автошколите во Прилеп вечерва одржаа состанок на кој ги усогласија новите ценовници, кои ќе важат од понеделник (01.12.2025). Цените се повисоки, но не до таа мера како што е случајот со главниот град.
Па така од понеделник, возачка за А категорија ќе чини 24.000 ден. со плаќање на целата сума одеднаш, или 27.000 ден. со плаќање на рати.
Останатите цени се следни:
Одеднаш: На рати:
А1 категорија: 20.000 ден. / 22.000 ден.
А2 категорија: 22.000 ден. / 24.000 ден.
Б категорија: 30.000 ден. / 33.000 ден.
Ц категорија: 32.000 ден. / 35.000 ден.
Е категорија: 25.000 ден. / 28.000 ден.
Д категорија: 38.000 ден. / 40.000 ден.
























