На денешната 65 седница на Собранието на Република Македонија пратениците расправаат за Закон за финансиска поддршка на единиците на локална самоуправа за кој се предвидува да биде донесен по скратена постапка.
Според текстот во законот најзадолжена општина е Охрид со 971.132.394 денари, а веднаш зад нејзе е општина Тетово со речиси 919 милиони денари.
Веднаш потоа следуваат општина Карпош и општина Битола, а во најзадолжените општини се уште и: Струга, Струмица, Кичево, Куманово, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар….
Општина Прилеп е помеѓу општините со најмал долг од 9,9 милиони денари.