ЕКСКЛУЗИВНО: “Кичево денес е зона на смртта,на хоророт?” (ВИДЕО)

Здравјето на граѓаните изгледа не е приоритет за власта во Република Македонија, здравјето и животот на кичевчани и граѓаните од околината на Кичево е под сериозна закана после одлуката на Владата и ЕЛЕМ да го активираат ТЕЦ Осломеј.

Имено, по откажувањето на блокот во РЕК Битола и функционирањето на само еден блок, донесена била одлука за активирање на ТЕЦ Осломеј Кичево. Но, она што е скандалозно е што таму сега се согорува пепелта од веќе употребуваниот и согорен јаглен, наместо да согоруваат јаглен.

Коментарите се дека ова предизвикува еколошки геноцид во Кичево, дека со ова се трујат илјадници граѓани.

Инаку, веќе четврти ден не работи еден од блоковите на РЕК Битола. Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, кажаа дека еден час неработење на еден блок државата ја чини 7600 евра, додека пак еден ден неработење 182.400 евра.

-Пред само неколку месеци е извршен ремонт на вториот блок тежок неколку милиони евра. Недозволиво е по толку скап ремонт, истиот блок два пати во рок од десет дена да паѓа од мрежа! Заради неспособноста и неодговорноста на раководството на РЕК Битола, се уште не се знае кога вториот блок ќе биде ставен во употреба. Истовремено, во опасност е и третиот блок на РЕК Битола, кој што подолго време работи надвор од сите технички прописи, пред три дена изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.