Откако на вчерашната седница на Советот на општина Прилеп беше нејавена контрола на финансиското работење на ЈП за ПУП и сега веќе екс директорот Илија Иваноски, се јави и тој со реакција на социјалните мрежи.
“Пред да почните со ревизија на финансиското работење на ЈП за ПУП кое едвај преживуваше во предходниот период и едвај собиравме средства за плата. Успеав во период на Пандемија да добијам Сертификат за општествена одговорност, претпријатие кое успешно се справуваше со сите предизвици предизвикани од пандемијата.
Прв во државава извршив и вршевме дезинфекција на сите автобуси и во целиот период имавме најмал број на заразени вработени од Ковид-19. Во еден период автобускиот превоз беше во прекин, се работеше во смени, а и 300 паркинзи ги изгубивме.
Во 2018год кога се вработив затекнав еден исправен автобус, сега ви оставив 8, ама пак за брзо ќе почните да броите наназад.
На ниеден вработен не му беше раскинат договорот за работа, за разлика од вашата постапка од пред една недела.
Стојам зад сите најуспешни и најзначајни проекти за Прилеп, Новата Детска Градинка, Паркот на езеро, Булеварот Гоце Делчев, Градскиот стадион, Новиот затворен базен, Новите градски автобуси и преку 100 проекти за средните и основни училишта во Општина Прилеп, а вие со моето разрешување и поништување на огласот за вработување во прашање го доведовте работењето на проектантското одделение заради одземање на Лиценцата за проектирање.
Сакам на граѓаните да му одговорите колку штета направивте после моето разрешување кое е без Правна поука и датум од кога се разрешувам имајќи во предвид дека во тој период бев на боледување.
Во рок од една недела при контрола на автобусите за Градски Превоз од страна на МВР утврдено е дека еден од нив е Нерегистриран и Технички неисправен, а другиот технички неисправен. Имате случај кога несовесен возач од невнимание и ја затвора вратата на жена и ја повредил и нормално ќе ве тужи. Имате нападнат возач исто заради несовесно однесување при што во опасност сте ги ставиле и другите патници.
Кој сега ќе сноси одговорност и кој ќе одговара за настанатите ситуации, и ќе ја плаќа штетата предизвикана од несовесното работење имајќи во предвид дека имате 3ца шефови. Слични сте со Беса Турс ама со време реагирале надлежните органи.
Господа од почеток се гледа вашата грижа за патниците и граѓаните на Прилеп”, пишува Иваноски.
На неговиот ФБ статус следуваа реакции од граѓани, според кои не само сега, туку договори за привремени вработувања не биле продолжени ниту пред 4 години, кога повеќе луѓе останале без работа.
Иваноски беше трет директор на ова јавно претпријатие во мандатот на претходниот градоначалник Илија Јованоски.