Економскиот факултет во Прилеп домаќин на научници од целиот регион – Се одржа 13-та Меѓународна конференција за економија, бизнис и општество во дигитализирана средина

Во просториите на Економскиот факултет во Прилеп, денеска се одржа 13-та Меѓународна конференција за економија, бизнис и општество во дигитализирана средина.

На конференција присуствуваа учесници од повеќе држави од регионот кои споделија знаења, искуства и резултати од истражувањата од области како што се зелените финансии, претприемништвото, малите бизниси, циркуларната економија, праведната транзиција и праведната енергетска транзиција.

На конференцијата свое обраќање имаше и заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој во неговото обраќање се осврна на предизвиците со кои се соочуваат домашните мали и средни претпријатија во Македонија, пред се во областа на дигитализацијата, како и нивната транзиција кон зелената економија, која што се фокусира на намалување на негативните влијанија врз животната средина и поттикнување на одржливи практики.

-Во насока на поддршка на развојот и трансформацијата на малите и средните претпријатија кон дигитализацијата и зелените политики, Министерството за економија преку повеќе програми дава финансиска поддршка за проекти од областите на дигитализацијата на процесите, циркуларната економија, пристапот до финансии и алтернативни форми на финансирање, како и вештачка интелигенција – напиша Ристески на ФБ.

Свое обраќање имаше и ректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски”, Професор д-р Игор Неделковски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.