Членовите на спелеолошкиот клуб „Златоврв“ – Прилеп денеска изведоа технички тренинг (вежба) – спуштање и извлекување на лица од висококатната зграда, познатата 13-катница во Прилеп.
“Активноста опфаќаше користење на техниките на единечно јаже (single rope techniques), традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери, и нејзина примена во урбана средина.
Целта е увежбување на нашиот тим за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни”, велат во соопштението од клубот.
Вежбата е дел од активностите на СК Златоврв – Прилеп за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини.