Утре 04.03.2017 со почеток од 12:30 часот во домот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп ќе се одржи предавање на тема: ” Совети за правилен раст и развој на децата”.
Настанот е во огранизација на прилепчанката Катерина Иваноска Вангелова и е второ вакво предавање во Прилеп, а на барање на граѓаните.
Ќе слушнеме многу искрени совети од искуството на докторите и предавачите, но и нови научни сознанија, знаење кое верувам најголем дел од сите вас ќе го слушнат за првпат, а свесностa наша ќе порасне за доброто на нашите деца.
Во ова предавање имаме пет предавачи,
Д-р БЛАГОЈА ЃОРЃИЕСКИ, Д-р АЛБЕНА МАНЕВА КРСТЕВСКА,
Д-р АЛЕКСАНДАР МИТОВ, Д-р ЖАРКО КОСТИЌ, НЕЛА ЈОЛЕСКА.
Дел од темите на предавањата:
– зошто е неопходно нашите деца правилно да дишат и правилно да вежбаат
– зошто мора да внимаваме на нашите мисли и чувства
– нашите чувства имаат фрекфенција, како и органите на нашето тело
– кои се факторите на детското здравје
– како се дебелееме, и како вишокот на масна храна го пореметува детскиот метаболизам
– емоциите, невидливи пријатели и непријатели на човекот
– кое позитивно чувство е со највисока фрекфенција и што значи тоа за нас
– 24 карактеристики на генијалноста
– сите деца се талентирани, откријте го талентот на вашето дете
– што е емоционална интелигенција, и како таа помага да се
развие самодисциплината, одговорноста и концентрацијата кај децата
– како практикувањето јога помага во правилниот раст и развој на децата
Д-р БЛАГОЈА ЃОРЃИЕСКИ, Прилеп, специјалист физијатар, професор по јога и претседател на Јога Сојузот на Република Македонија, кој води курсеви за пренатална јога во соработка со Министерството за здравство во неколку градови во РМ, а повеќе од две децении одржува специјализирани курсеви по јога за деца и младинци.
„Неопходноста од прилагодување во денешницата за доброто здравје на децата од најмала возраст“.
Магистер Д-р АЛБЕНА МАНЕВА КРСТЕВСКА,Скопје, специјалист ортопед, дипломиран хомеопат, практичар за биорезонантна дијагностика и терапија.
„Вибрациите или резонанцијата како основен физички концепт во настанувањето и лекувањето на акутните и хронични заболувања кај децата“.
Д-р АЛЕКСАНДАР МИТОВ, Скопје, магистер по здравствена екологија и влијанија на животната средина врз здравјето, главен стручен консултант и иницијатор на кампањата на Владата на Р. Македонија „Здравјето е избор“.
„Прекумерната тежина кај децата и последиците по здравјето“.
Д-р ЖАРКО КОСТИЌ, Скопје, мотивационен говорник со одржани над 1000 предавања и 200 тв и радио интервјуа.
„Како да ја разбудиме и одржиме генијалноста кај секој од нас“.
НЕЛА ЈОЛЕСКА, Скопје, меѓународно сертифициран тренер и тренер на тренери за развој на емоционалната интелигенција. Директор на ЕQ Excellence.
„Како со критичкото размислување и креативноста можеме да ги развиваме талентите и емоционалната интелигенција кај децата“.