Еднаш пријател на Македонија, засекогаш пријател: Петир од македонската црква во Загреб ни го честита Велигден

Поранешната хрватска европратеничка Маријана Петир на сите православни христијани им го честита Велигден од македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, покрај протоереј Кирко Велински.

„На сите верници од православна вероисповед кои денеска го слават Велигден им посакувам среќен и благословен Велигден, како и да бидат исполнети со вера, надеж, љубов, велигденска радост и добро здравје.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ! #велигден #православие #Исус #Господ“, објави на Твитер основачката и поранешна шефица на Групата пријатели на Македонија во Европскиот парламент.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.