Едната од Долнени, другата од Дебреште, а фатени како крадат во маркет во Струга

На 25.01.2024 во 14.30 часот во Струга, полициски службеници од СВР Охрид ги привеле 40-годишната Б.Т. од прилепското село Долнени и 47-годишната С.А. од селото Дебреште, прилепско.

Тие биле затекнати при вршење кражба во трговски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга.

Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.