Една од најголемите добивки во историјата на спортското обложување: Погоди 17 натпревари и стана милионер

Спортската прогноза му донесе среќа на еден човек на африканскиот континент, каде неодамна е забележана една од најголемите добивки од кога постојат игрите на среќа на црниот континент.

sportska-oblozuvalnica-640x428

Во Кенија, вест на денот беше погодокот вреден 1,7 милиони евра, која успеал да освои неименуван среќник, откако точно го прогнозираше исходот на сите 17 натпревари од понудата на обложувалницата „SportPesa“.

Него ќе му бидат доделени парите на свеченост во Најроби, како и на секој добитник на различни наградни игри кои ги организира оваа обложувалница.

Роналд Караури, еден од челниците на обложувалницата, го повика новопечениот милионер да му честита и тоа го забележа со камера.

-Веднаш се враќам дома, се слушна од другата страна воодушевувањето на добитникот, кој со пријателот, со кој се обложувал отпатувал, а веста го затекла надвор од својот дом.

На неговата среќа и немаше крај.

Инаку спортското обложување стана доста популарно во последните години во Кенија, каде властите воведоа данок од дури 50 проценти од добивките на сите фирми кои се занимаваат со овој бизнис.

Обложувалницата инаку е еден од главните спонзори на премиерлигашот Хал.

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.