Во прилепската полициска станица во вторникот се одвила необична ситуација, при што жена завршила во полициска станица откако физички се пресметала со службеничка. Инцидентот се случил околу 23:10 часот, по претходното приведување на нејзиниот син заради пронајдена марихуана.
Од МВР информираат дека станува збор за 45-годишната Т.Б. од селото Бела Црква, Кривогаштани, која пристигнала во полициската станица во Прилеп. Наместо да побара информации за случајот со својот син, таа реагирала агресивно и ја нападнала една од полициските службенички.
Претходно, во 19:30 часот, нејзиниот син – 18-годишниот А.Б. од истото село – бил приведен во селото Славеј, откако полицијата кај него открила марихуана. Тој бил задржан во станицата за понатамошна постапка, но ситуацијата ескалирала по пристигнувањето на неговата мајка во ПС Прилеп.