Еден од водечките луѓе на СДСМ, Едмонд Адеми за Трамп вели дека е конфликтна личност со дезинтегрирачки ставови, склон кон навреди, комуникација на најниско можно ниво, неинформиран и површен.
Овие дисквалификации кон демократски избраниот претседател на САД, со лајк на статусот на Фејсбук ги поддржува Никола Наумоски, братучед на Радмила Шекеринска и долгогодишен активист на Сорос.
Првиот коментар на статусот на Адеми доаѓа од Мухамед Халили, кој исто така е поддржувач на СДСМ, кој меѓудругото се закани со војна и повторување на 2001 година, во статус на својот профил.
-Да им кажам дека во 2001 година Републиканци беа на власт и Трамп го заболе за Македонија или да ги оставам уште да се бламираат, напиша тој.
Под сликата од македонската дијаспора, неговиот пријател Гоце Велески од СДСМ за македонските иселеници вели:
„Сите овие заслужуваат да бидат направени сапун“, на што Мухамед Халили одговара:
„Да нема трага од нив, никаков вид.“
Кон овие оценки за Трамп се придружува и Синоличка Трпкова, долгогодишен поддржувач на СДСМ.