Фудбалскиот великан од Унгарија, екипата на Дебрецен, испадна од најквалитентиот шампионат во земјата, а на навивачите тешко им падна тоа и направија скандал.
По ремито со Паск во 33. коло, играчите паднаа во очај. Некои од нив плачеа на терен, а за трагедијата да биде поголема, влегоа навивачите и тргнаа да им одржат лекција.
Некои од нив се бркаа со фудбалерите, некои од нив им ги соблекуваа дресовите…