Еден оброк во денот за топење на масните наслаги на стомакот

Телото прво почнува да ги складира резервите сало во пределот на стомакот и токму од тие резерви последно се „откажува“.

Лошиот начин на исхрана и нередовната физичка активост се двете главни причини за дебелеење.

Истото важи и за акумулирањето масни наслаги на стомакот и половината, иако тука како фактори се наведуваат и седечката работа и високото ниво на стрес и анксиозност.

Акумулирањето на поткожно масно ткиво во пределот на стомакот покрај тоа што може да ви пречи естетски, исто така е штетно за здравјето и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести, дијабетес и одредени видови рак.

Зошто стресот дебелее?

Што да направите за да го намалите нивото на стрес? Прв чекор е да одбегнувате нептребно стресни ситуации и да научите како да се релаксирате. Хормонот на стрес, кортизол, придонесува масните наслаги да се акумулираат околу стомакот, па добар избор за релаксација е да медитирате или да правите вежби за дишење.

Научно е докажано дека за да се ослободите од оние „тврдоглави“ масни наслаги на стомакот, мора да внимавате на исхраната.

Диетата со еден оброк во денот – OMAD (one meal a day dieting) – е контроверзна, но само поради разните погрешни информации во врска со овој режим на исхрана и неточното следење на диетата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.