Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција соопшти дека денеска во Македонија се дијагностицирани нови 26 случаи со коронавирус.
1 нов пациент во Дебар, 19 Скопје, 3 во Куманово, 1 во Прилеп, 1 Крива Паланка
Со ова бројката на инфицирани со Ковид – 19 во Македонија се искачи на 285, a во Прилеп бројката е 9 пациенти.
Филипче истакна дека дека 9 пациенти се излечени и дека има уште еден нов смртен случај.
Се работи за 79 годишен пациент од Дебар.