“Егзодус во паркот кај cудот? Помор на рибите, а “Комуналец” и градоначалникот не мрдаат со прст??” (ФОТО/ВИДЕО)

Eзерцето во паркот кај судот во Прилеп е претворено во мочуриште. Нема пумпа за филтрирање на водата, рибите се половина изумрени, а половина се обидуваат да преживеат.

Нема ниту трага, ниту глас од пајките кои беа украс на паркот и езерцето.

Локалните власти пред извесно време се направија aгилни, па го заменија дрвеното мовче откако медиумите објавија дека истото е скапано и опасно за децата во паркот.

Но, како и по обичај, одново треба да се апелира за нешто да се санира….

Езерцето е вистински извор на зараза, а итна реакција е неопходна за да се спаси преостанатиот рибен фонд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.