Делегации на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија положија свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци.
– Делегации на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија положија свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци – жртви од Граѓанската вojна во Грција 1946-1949 година во Парк Жена Бopeц спроти Собранието на Македонија.
На настанот присуствуваа и кандидатите за пратеници од редовите на ВМРО ДПМНЕ: Тимчо Муцунски и Велика Стојкова Серафимовска.
Споменикот на децата бегалци, како вечен Паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодyc и голгота, е откриен на 30 јуни 1988 година, во чест на одржувањето на Првата светска средба на децата бегалци од 30 јуни до 4 јули 1988 год, сподели на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков.