Евтините лежалки на плажа се само сон: Eве ги цените во местата каде Македонците најмногу летуваат

Сезоната на летни одмори е во тек, а при планирањето на буџетот за одмор, не толку занемарлив е трошокот лежалки на плажа. Цените се разликуваат, но сепак, има едно нешто заедничко со сите дестинации каде што туристите од Македонија најмногу летуваат: лежалките под пет евра одамна станаа само сон.

Колку е поблиску до морето, толку се повисоки цените

Еуроњуз пишува дека од грчките ресторани, особено оние кои имаат лежалки на плажа недалеку од големите градови како Атина или Солун, велат дека телефоните ѕвонат непрекинато за да се направи резервација на лежалка, особено за викендите.

Иста е состојбата и на Халкидики.

-Резервирајте ги лежалките навреме бидејќи немаме доволно чадори, особено во петок, сабота и недела. Многу е топло и луѓето не престануваат да се јавуваат. Веќе ги имаме резервирани сите комплети за деновите од викендот”, вели сопственикот на барот на плажа во Шиња, Халкидики, вели за TZAF News каде сет лежалки со чадор за сонце се движи од 20 до 40 евра.

На Касандра, првиот крак на Халкидики каде има многу барови на плажа, а кој многумина го претпочитаат поради близината до Солун, цените на лежалките варираат во зависност од нивната локација. Се движат и до 50 евра по сет, особено ако се наоѓаат на првата линија до морето, што е случај во Мамалука Бич Бар во Пефкохори.

Ако изберете лежалки во третиот ред, тогаш цената постепено се намалува – вториот ред чини 45 евра, додека цените во последните се движат од 30 до 40 евра.

Така, четиричлено семејство кое сака да ужива во сонцето и морето на Касандра може да плати 50, па и до 100 евра.

На Ситонија, вториот крак на Халкидики, со некои исклучоци, повеќето барови на плажа наплаќаат од шест до осум евра за комплет лежалки и чадори, а пијалоците се екстра.

Има и познати барови на плажа кои практикуваат политика на минимална потрошувачка или дури, ако наплаќаат лежалки – цените се попристапни. На пример, во Талго Бич бар во Вурвуру има минимално трошење од пет евра по лице, колку што чини едно кафе, без доплата за лежалки.

Покрај тоа, Navagos Beach Bar во Палиури не наплаќа лежалки, ниту пак бара минимално трошење.

Во барот на плажата Манасо, кај плажата Арменистис, недалеку од Сарти, лежалките се наплаќаат и по принципот на оддалеченост од морето – најевтините се девет евра, а најскапите 23 евра.

Кога станува збор за Тасос, цените варираат и се движат од пет до 50 евра по комплет. Според порталот Nikana.gr, цената по лице на Marble Beach е 15 евра и вклучува една пијачка. Најевтините лежалки се на плажата Алики каде се 5 евра, додека на Псила Амос се 10.

Од друга страна, на југ, во Вулијагмени, предградие на Атина, цените се многу повисоки и се движат од 60 до 90 евра. На Миконос, најевтиниот комплет лежалки на плажата Калафатис е 50 евра, додека цените на Крит варираат многу. Најскапата област на Крит е секако Агиа Марина, предградие на Ханија каде цените започнуваат од 10 евра по сет па нагоре.

Дека цените одамна го достигнале плафонот говори и примерот од градската плажа на Родос, каде сет лежалки со чадор годинава чини 12 евра, додека во 2018 година само 6 евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.