По примерот на европските градови, и во Прилеп оваа недела се одбележува “Европската недела на мобилност”, а активностите продолжуваат во четврток (25.09.), со “Ден без автомобили”.
Во оваа активност се вклучени учениците од ООУ “Кочо Рацин”, кои ќе возат велосипеди на две маршрути низ градот и од таа причина сообраќајот во одреден временски период ќе биде во застој.
1. Маршрута I: почеток 08:00ч. на релација ООУ „Кочо Рацин“ (ул:Борка Талески“ -64 по улица Кеј 9-ти Септември, па лево на 11-ти Октомври, па лево по Јоска Јорданоски до споменикот Карпалак и се продолжува по булевар Гоце Делчев до Општинскиот суд каде се врти лево на улица Димо Наредникот до мостот каде пак се врти лево по ул: Кеј 9-ти Септември до ООУ „Кочо Рацин“ Времетраење од 45 мин.
2. Маршрута II: почеток 09:30ч стартна точка ООУ „Кочо Рацин“ и се вози по ул:Кеј 1-ви Мај, па се продолжува по ул: Андон Слабејко и се продолжува по Кеј 1-ви Мај, па десно по ул: Трајко Николоски и потоа лево по ул: Леце Котески се продолжува по регионалниот пат ER 1306 до село Мало Коњари –Аеродромот.
Вклучени ќе бидат и учениците од I-III одделение, кои ќе имаат полигон вежби со велосипеди и тротинети во училишниот двор, додека пак учениците од IV – IX одделение, ќе пешачат до манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ кај с. Волково.
-Со оваа активност сакаме да поттикнеме свесност за здрави животни навики и почиста околина, велат од ООУ “Koчо Рацин”.