Барселона вечерва на домашен терен го торпедираше Ливерпул со 3:0 во првиот полуфинален дуел во Лигата на шампионите.
Суарез во првото полувреме и донесе предост од 1:0 на Барса, а во второто Меси за само 7 минути и со два погодоци ги нокаутираше црвените од Ливерпул.
Вториот погодок на Меси е вистинска уметност што вреди да се погледне и 100 пати со ред. Со еден збор, мајсториште!