Потпишани договорите за нови капитални инвестиции во Прилеп! Во Владата на Република Македонија, ги потпишавме договорите за реализација на проектите што Општина Прилеп ги поднесе преку јавниот повик на Министерството за локална самоуправа за 2025 година – информираше на Фејсбук градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.
Прилеп добива нови инвестиции во вредност од околу 8 милиони евра, наменети за капитални проекти од витално значење за граѓаните:
✅ Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“
✅ Изградба на мост на ул. „Победа“
✅ Реконструкција на ул. „Орде Чопела“
✅ Комплетна реконструкција на ул. „Трајко Николоски“ со електроинсталации
✅ Нови детски игралишта во центарот и населбата Типски
✅ Водовод за с. Лениште
✅ Реконструкција на цевководот кон Индустриската зона и манастирот во с. Селце
✅ Фотонапонска централа на Пречистителната станица
✅ SCADA интеграција со ГИС системот
✅ Замена на дотраената водоводна мрежа во центарот на Прилеп
✅ Полуподземни контејнери на 21 локација низ градот
✅ Реконструкција на фасадата на ООУ „Рампо Левката“
Овие инвестиции се директен одговор на реалните потреби на граѓаните и продолжение на нашата посветена работа за унапредување на квалитетот на живот во Прилеп. Да потсетиме, преку првиот јавен повик во 2024 година, Прилеп веќе обезбеди дополнителни 3 милиони евра за:
-Кружен тек кај мостот „Табана“
-Изградба на дел од улицата „Победа“
-Реконструкција на водоводот во Карабдалица
Водоводните линии се веќе завршени, а останатите два проекти влегуваат во градежна фаза веќе следната недела! Во изминатите две години, благодарение на поддршката од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Општина Прилеп обезбеди вкупно 11 милиони евра директни инвестиции – поддршка што е историска, конкретна и мерлива. Кога постои визија, посветеност и искрена работа во интерес на граѓаните – резултатите не изостануваат.Прилеп заслужува многу. Продолжуваме со уште поголема одлучност да го градиме неговиот напредок – стои во објавата на Јовчески на социјалните мрежи.