Основачот на Алибаба групата, Џек Ма, беше изоставен од листата на кинеските претприемачки лидери, што претставува сигнал дека овој бизнисмен паднал во немилост на кинеските власти, пренесува Ројтерс.
Најпознатиот кинески бизнисмен не беше споменат во статијата објавена на насловната страница на “Шангај Секјуритис Нјуз”. Наместо него, Рен Женгфеи од Хуавеи, Леи Џун од Шаоми и Ванг Чуанфу од BYD беа пофалени за својот придонес.
Листата беше објавена во вторникот во време кога се очекуваше Алибаба да има известување за заработката во последниот квартал.
Lesson for entrepreneur who builds their castle by using #autocratic state power #JackMa https://t.co/G5v70yO5Ed
— Kingshuk? (@aahoto) February 2, 2021