Еве што се реализирал претходниот директор на ЈКП Водовод – Прилеп

ЈКП Водовод и канализација Прилеп од денеска има нов директор. На местото на Емил Јанески е поставен Игор Гулабоски.

На заминување од функцијата Јанески на Фејсбук напиша што сработил додека управувал со ова јавно претпријатие:

-Почитувани пријатели од денес не сум повеќе директор на ЈКП”Водовод и канализација” Прилеп. Претпријатието го оставам во одлична финансиска состојба, на сметките на Водовод во моментов има околу 13 милиони денари или две плати за вработените во претпријатието. Во текот на мојот директорски мандат во Водовод успеавме да постигнеме наплата од 100% со што се одржуваше ликвидноста на претпријатието дури и во услови на пандемија.

За таа цел беше инсталиран нов софтвер за електронско плаќање со цел на граѓаните да им се олесни плаќањето на сметките. На технички план Водовод Прилеп стана најмодерно претпријатие на балканот. Беше воспоставен нов воден режим во неповолни хидролошки услови со што се овозможи во секое време до секое семејство во нашиот град да биде доставено потребното количество вода за пиење. Исто така беа реализирани и проекти од IPA фондовите но и проекти од сопствени средства.

Набавена опрема:

ГИС – катастар на сите подземни инсталации на ВиК; Гео скенер за детекција на сите подземни линии; Корелатор; Геофон; Дата Логер; Нивелир; GPS уред; Трагач на кабли; Локатор на феромагнетни материјали; Локатор и траке vScan; Камера за детекција на секаква девијација на канализационата мрежа; 3000 дигитални водомери.

Ете какво претпријатие оставам со моето заминување, им посакувам среќа и успех во работењето на новата локална самоуправа и да го реализира проектот ветен во предизборната кампања за целосно субвенционирање на ставката пречистување на урбани отпадни води како и намалување на цените на вода и канализација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.