Тиквата е одличен диуретик, а нејзиното семе се препорачува на трудници, доилки, повозрасни личности кои имаат проблеми со црниот дроб или простатата.
Исто така, тиквата би требало што почесто да ја конзумираат личности кои боледуваат од реума, гихт, воспаление на бубрезите и мочните патишта. Покрај тоа, оваа есенска намирница има исклучително поволно дејство против воспаление на јајниците и пропратните појави на менопаузата.
Тиквата има специфичен вкус и мирис, може да се јаде жива, печена, динстана или пржена, а на организмот му делува исклучително благотворно и нејзиниот сок. Плодот на тиквата содржи 90 отсто вода, но и голем број витамини и минерали. Тиквата е богата со билни влакна, па особено поволно влијае на организмот, а во нејзиниот плод речиси и да нема маснотии, бидејќи во 100 грама тиква има помалку од 30 калории, поради што е идеална намирница за сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килогрaми.
Бетакаротинот, кој во тиквата го има во изобилство име повеќекратно заштитно влијание врз човечкиот организам. Тој го блокира дејството на слободните радикали и така директно го пречува оштетувањето на ДНК структурата, делува како антиоксидант. Тиквата е богата со провитамин А, кој е важен за добрата работа на очите и штити од катаракта. Тиквата се користи и превентивно, бидејќи благодарение на селенот и семките, но и провитаминот А организмот е заштитен од тумоr, односно се намалува ризикот од појава на рак на грло, желудник, грло на матка…
Тиквата одлично делува и на проблематична кожа, особено масна со акни, па можете да ја користите и како маска за лице.
Тиквата можат да ја јадат и дијабетичарите под услов истата да не се заблажува, како и личностите кои имаат проблеми со желудникот и тенкото црево. Оваа намирница особено се препорачува на личности заболени од псоријаза, а тие можат да ја конзумираат печена или во облик на сок.