Еве што се крие позади измените во Кремљ: Путин направи маневар и со тоа две работи ги направи кристално јасни

Руската ДУма го поддржа предлогот на претседателот Владимир Путин, Михаил Мишустин да биде новиот премиер, а целиот свет зборува за позадината на овие промени.

“Ги имаме сите потребни средства да ги исполниме целите кои го постави претседателот. Ветувам дека ќе се фокусирам на социјалните прашања и подобрување на животниот стандард на граѓаните”, рече новиот шеф на руската влада.

Зачувување на власта

Оваа изјава, тврдат аналитичарите, покажува дека по турбулентната година, во која Путин за прв пат се соочи со пад на рејтингот поради реформите во пензискиот систем и лошиот стандард предизвикан од долгогодишните санкции, шефот на Кремљ реши најголемите овластувања да му ги даде на познатиот економист.

“Мишутин е извонреден менаџер и ќе ја води владата со голема енергија и многу знаење. Тој е еден од најбараните булдожери во нашата бирократска класа”, вели Владимир Сунгоркин, главниот и одговорен уредник на весникот Комсомолска правда.

Мишутин (53) е бирократ од кариера кој веќе 10 години е на чело на Федералната даночна служба. Никогаш не покажувал никакви политички амбиции и секогаш се држел далеку од сите политички партии. И покрај тоа, а според наредбата на Путин, ја доби поддршката на “Единствена Русија”, на чие чело е и понатаму поранешниот премиер Дмитриј Медведев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.