Еве што не треба да чувате под скалите: Носи несреќа!

skali-2-650x396

За почеток никогаш немојте да ставате нешто на што никогаш не би сакале да нагазите. Мошне е важно да бидете свесни за нештата што ги ставате под скалите.

Под скалите не треба да се наоѓа било што што е поврзано со нечија маса или работа и никогаш немојте да ставате остава за важни документи или предмети, затоа што секојдневно ќе газите врз нив.

Под скалите не треба да поставите кујнски пулт или собен бар. Иако, ова се некои од начините на кои што најчесто се искористува просторот под скалите. Ако пултот или барот се наоѓаат во близина на скалите тоа е во ред, но ако се под него а имаат и вградена славина, тоа симболизира загуба на богатството на селото семејство, затоа што симболично, се’ се одлева.

Конечно, под скалите никогаш не треба да ставате воден базен или фонтана. Со тоа се нанесува штета на следната генерација во домот и се врши негативно влијание врз нејзината среќа.

Оставите лоцирани под скалите се во ред. Според фенг шуи, сосема е во ред во тие остави да се чува семејната опрема и останати реквизити.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.