Општина Прилеп е дел од 30.Генерално собрание на Меѓународната Асоцијација на градови носители на пораката за мир, кое годинава се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, а на кое учествуваат претставници на 113 градови од светот.
Пред нашиот градоначалник поставен натпис North Macedonia (Северна Македонија). Иако многумина на вакви и слични меѓународни настани се решаваат да го сокријат тоа “Северна”, Јованоски не се решил на таков чекор.