По назначувањето на Александар Алексоски за Генерален директор на Тутунскиот Комбинат, одново ќе има поместување во составот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Алексоски на функцијата совеник во Советот на општина Прилеп беше именуван пред само два месеци, а таму беше назначен по изборот на Д-р Кире Јоноски за директор на прилепската болница.
Функцијата советник ја обавуваше само неколку седници и веќе стана Генерален директор на некогашниот прилепски гигант.
На советничката листа од локалните избори во 2021 година, следно е името на Снежана Котева, инаку актуелна директорка на ООУ “Гоце Делчев” Прилеп.
Доколку и Котева се откаже од советничката функција, следен е Марјан Костадиноски.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на минатите локални избори освоија 15 советнички места во Советот на општина Прилеп. Последна од листата која тогаш влезе во советничкиот состав, беше актуелната пратеничка, Билјана Кузманоска.
Ако партијата и во наредниот период продолжи со вакво темпо на избор на директори на функции од редот на советниците, нема да им останат имиња кои ќе можат да ги заменат во совеничките клупи.