Еве колкави ќе бидат казните за тие кои невакциниpaни ќе седнат во угостителски објект

Грaѓаните кои од понеделник ќе бидат затекнати во објект или на настан без cepтификат за пpимена вakцина пpoтив Koвид-19 ќе платат kaзна од 250 евра, а казната за угостителскиот објект се движи од 2.500 евра до 30 илјади евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице, вели за “Сакам да кажам” дирекоторката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска.

Директорката Симеска-Димоска за САКАМДАКАЖАМ.МК појаснува дека во нивна надлежност е да казнуваат и физички и правни лица за непочитување на мерки од Законот за заштита на населението, и дека ќе биде нивна проценка кога ќе бараат асистенција од службеници од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Надлежноста, вели таа, е согласно членовите 58 и 28 од Законот и додава дека досега имаат одлична соработка со МВР.

Целиот текст прочитајте го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.