Еве кои Македонци се наоѓаат на листата најбогати во регионот

Андреја Јосифовски, челникот на нафтената компанија „Макпетрол“ е меѓу педесетте најбогати луѓе во регионот, неговото богатство е проценето на 565,5 милиони евра. На листата од 100 најбогати луѓе во регионот на весникот „Недељник“ објавена во празничниот двоброј, Јосифовски се најде на 45 место, а капиталот според кој е рангиран има вредност од точно 565.501.055 евра.

Во онлајн изданието се наоѓаат бизнисмените Илија Гечев и Живко Мукаетов.

Бизнисменот од Кавадарци Илија Гечев, сопственик на „ИГМ трејд“ е единствениот милијардер (во евра) од Македонија и единствен милијардер во регионот кој не е од Србија или Хрватска. Неговото богатство е проценето на 1.054.946.440 евра и е рангиран на 18-то место.

На 38-то место е рангиран челникот на „Алкалоид“ Живко Мукаетов со капитал од 650 милиони евра.

„Недељник“ досега во достапната онлајн верзија објави 50 имиња на најбогати луѓе.

Рангирањето е направено во соработка со локални медиуми и две њујоршки консултантски куќи. Богатството не се цени според пари на сметки, туку според капиталот и неговата вредност според денешни реални цени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.