„Штрајкот е резултат на долго незадоволство од материјалниот и социјалниот статус, работните услови, непочитувањето, потценувањето на нашата професија…“ – рекоја во 2019 година наставниците и професорите на масовен протест во Загреб.
Во организација на синдикатите за образование, тогаш се собраа околу 20.000 наставници, професори и други вработени во образовниот систем од цела Хрватска, како и голем број граѓани и студенти кои го поддржаа штрајкот во образованието.
И успеаја, се изборија за своите права….