На покана од менаџерскиот тим од “Витаминка”, ученици од ООУ “Климент Охридски” заедно со нивните наставници и директорот, ја посетија фабриката која е број еден македонски бренд.
На учениците им беа презентирани сите производи кои “Витаминка” ги нуди на пазарот, а исто така дечките прошетаа низ повеќето производствени погони и се запознаа со производствениот процес.
Од училиштето упатуваат благодарност за можноста и велат дека претставувало одлична можност да се погледне како функционира единствениот македонски, а светски бренд.
Повеќе фотографии можете да погледнете ТУКА