Педесет и осум годишната Џиа Тиан е уапсена во Вашингтон и се соочува со 10-годишна казна затвор поради вандализирање на споменикот на Абрахам Линколн, фрескопис во две катедрали, како и поради вандализирање на меморијалниот центар Линколн во Вашингтон
Џиа Тин била фатена во близина на Националната Катедрала во Вашингтон со лименка полна со зелена боја, а според полицијата нејзината намера била да ја вандализира и оваа катедрала фрлајќи зелена боја во внатрешноста но и на фасадата.
Жената е изведена пред Врховниот суд во Вашингтон, каде што судијата одредил притвор и нејзино сослушување за подоцна оваа недела. Според судот, таа се соочува со 10-годишна казна затвор за уништување на спомници и приватен имот.
Властите веруваат дека вандализмот со зелената боја е дел од цела серија на слични акти. Со зелена боја бил вандализиран и Меморијалот на Линколн, а подоцна биле пронајдени и симболи исфарбани со зелена боја на фасадата на седиштето на „Смитсониан“.