Директорката на центарот за евроатлански студии и еден од најистакнатите соросоиди во Србија Јелена Милиќ, ја напушти емисијата во телевизија Пинк, во која учествуваше со премиерот Александар Вучиќ и новинарот Миломир Мариќ.
Откако премиерот Вучиќ констатираше дека нејзината политика и се што изјави во емисијата е насочено против интересите на Србија, Милиќ демонстративно го напушти студиото.
Како што изјави Вучиќ, таа на сопственикот на телевизијата Жељко Митровиќ му најавила дека ќе ја напушти емисијата. Српскиот премиер изјави дека бил свесен за тоа, но дека се чувствувал одговорен да ги брани интересите на државата.
Соросоидите на ист начин дејствуваат и во Србија. Нивната политика е против интересите и институциите на државата, против легитимно избраната власт, како и против интересите на граѓаните.
Ф.Г.