Еве каде ќе се пие најдоброто пиво на “Пиво Фест” во Прилеп (Фото)

Синоќа стартуваше 18-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2022”.

Илјадната публика ја забавуваа голем број музички ѕвезди, а програмата продолжува и во наредните 3 дена. На фестивалот присутни се неколку пивари со своите пивски вкусови, но несомнено најголем интерес кај гостите предизвикаа двата штандови на Сараевско пиво.

Едно поради цените, кои се најниски и пристапни за секого, а второ поради одличното пиво со традиција од далечната 1864 година.

Долги години овој вкус оди рамо до рамо со познатите сараевски кебапи, а прилепчани како добри гурмани и луѓе кои ја прават најдобрата скара во Македонија, топло ќе ви го препорачаат и кај нас.

Резервирајте навреме маса и уживајте со вкусот и традицијата на Сараево.

Штандовите на Сараевско пиво се наоѓаат кај споменикот на Методија Андонов-Ченто и на булеварот.

Наздравје!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.