Еве каде ќе врне денес

dozd-prolet-650x396

Иако се очекува денес времето во Македонија да биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, сепак според прогнозите на некои места ќе врне.

Каде ќе врне денес?

Според информациите од УХМР, попладне во северозападните подрачја ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 25 до 28 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Од петок променливо облачно време и пад на температурите

До четврток ќе се задржи многу топло време за овој период од годината. Од петок до недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а ќе има и услови за појава на грмежи особено во сабота. Во петок ќе дува засилен јужен, а во недела западен ветер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.