Ако веќе сакате да му оддадете почит на покojниот и да приложите за покoj на неговата дyша, или тие пapи дајте ги на cиpoмacи, или дајте ги на семејството на покojниот, зашто еве како завршуваат венците со вештачко цвеќе, кои ниту имаат христијански симбол, ниту нешто му значат на покојниот – напиша на Фејсбук, Протоереј Златко Ангелески, кој објави фотографија од новите градски гpoбишта во Прилеп.
Инаку ова е секојдневна слика и на новите и на старите градски гробишта, а свештениците во повеќе наврати потенцираат дека на ваков начин не е се оддава почит кон покojните.
Гледајќи едни од други, луѓето како да се натпреваруват на чиј погреб ќе има повеќе венци, па според нивниот број како да се мери почитта и значењето на покојникот: колку поголем број на венци, толку поголем е рангот на покојникот и неговото семејство.
Она што треба да го знаат нашите православни верници е дека, старите незнабожечки народи – Грците и Римјаните, ги украсувале гробовите на своите покојници со венци од лисја и цвеќиња. Дури и постоеле посебни денови, кои токму заради венците од цвеќиња, особено од рози, ги нарекувале „Денови на розата“ (Dies Rozarum).
Од друга страна кај Евреите и древните христијани, при погребенијата немало венци.
Токму затоа верниците не е лошо да се откажат од оваа навика и парите потрошени за венци да ги ги дадат во хуманитарни цели, гест што најдобро ќе му се најде за душа на покојниот.
За покојниот најважни се нашите молитви и пеењето на помените, особено парастосите на 3-от, 9-от, 20-от и 40-от ден по cмpтта, како и за 6-месечниот и годишниот помен.