Многу луѓе ги избегнуваат презрелите банани мислеќи дека не се добри за здравјето. Но неодамна едно истражување во Јапонија покажа дека тие се одлични за здравјето, пишува Life Hack.
Идеални се кога на нив започнуваат да се појавуваат црни точки – тогаш се најбогати со антиоксиданси и минерали. Кога се такви најлесно се разградуваат и имаат најголемо дејство на човековото здравје.
Ова се причините поради кои треба да јадете зрели банани :
-Бананите со црни точки содржат супстанца TNF- која ги уништува канцерогените келии. Јадењето на вакви банани може да помогне во превенција на ракот.
-Бананите се одлични природни антациди кои помагаат кај лоштото варење на храната. Тие не му предизвикуваат никакви тешкотии на желудникот. Напротив – ако имате проблеми со варењето на храната или со киселини во желудникот, изедете банана, сигурно ќе ви помогне.
-За да го задржете нормалниот притисок потребно е да имате нормално ниво на калиум во крвта, а бананите се богати со калиум. Исто така содржат многу малце натриум кој го поттикнува покачувањето на крвниот притисок.
-Содржат триптофан, аминокиселина која на телото му е неопходна за да произведува серотин, неуротрансмитер неопходен за смиреност, како и за добар сон.
-Поради својата мека структура, бананите се одлични за оние кои имаат проблеми со желудникот.
-Бананите се богати со железо затоа се идеални за оние кои имаат проблем со анемија.
Ф.Г.