Вечерва во Прилеп стартува 17-то издание на фестивалот на скарата и пивото, “Пивофест 2019”, каде на сцената се очекуваат настапите на Прилепски еснаф, Селимова Желчевски, Ѓорѓе Давид и Ивана Негатив и групата Галија.
Она што е забележително во центарот на градот е малиот број на штандови кои се десетина на број, а празниот простор се пополнува со тезги за разно разни украси, облека и друга најразлична роба.
Токму сегашните локални власти и првите луѓе на власта во минатото го нарекуваа фестивалот пазар, вашар, панаѓур и што ли уште не, а втора година откако го организираат истиот, најголемото музичко случување во државава се претвора во глобален пазар на отворено.
Еве дел од атмосферата во центарот на Прилеп: