Kомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархели, денеска остварил телефонски разговори со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев.
Тој вели дека ја потенцирал важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Македонија.
“Вечерва разговарав со лидеритe Зоран Заев и Христијан Мицкоски за да се потенцира важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Македонија, имајќи ја во предвид состојбата со Ковид-19, како и потребата за ефикасно економско закрепнување”, напиша комесарот Вархели на Твитер.
Spoke to leaders of @SDSMakedonija @Zoran_Zaev and @VMRO_DPMNE @MickoskiHM tonight to stress the importance of free, fair, inclusive elections in #NorthMacedonia, taking into account #COVID__19 situation as well as the need to efficiently address economic recovery.
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) June 10, 2020